Линкови за пристапност

Четвртина Американци немаат посетено ниту една знаменитост


Грижата за малите деца чини повеќе од факултет, кредитите за факултети чинат повеќе од плаќањето рата за куќа или стан, а работните места не плаќаат ниту за една од тие работи

Според ново истражување, голем дел од Американците немаат посетено ниту едно од најпопуларните знаменитости и атракции во нивниот град или воопшто во САД.

Истражувањето на „ZipCar“ и „OnePoll“, покажува дека 25 проценти од Американците допрва треба да ги посетат популарните места во своите родни места. Речиси ист број Американци или 23 проценти, велат дека нема да посетат ниту една од најголемите туристички атракции во државата.

На пример, само 33 отсто од испитаниците биле на Нијагарините водопади, а само 28 отсто биле на Големиот Кањон. Само 30 отсто го виделе Емпајр стејт билдинг во Њујорк, а само 22 отсто го посетиле Националното шеталиште во Вашингтон.

Истражувањето направено врз 2.000 Американци, покажало дека 55 отсто имале предвид да посетат некоја локална знаменитост, и дека допрва треба тоа да го направат.

Истражувањето покажало дека преку половина од Американците рекле дека имаат некаква спонтаност во нивните животи, а само 20 отсто рекле дека патувале на краток рок или непланирано.

Според истражувањето, главните причини за трендот биле парите - (51 процент), недоволно време - (30 проценти) и недостиг од сигурен превоз - (18 проценти).

Еден корисник на Твитер реагирал на истражувањето и навел неколку причини поради кои не ги посетил таквите места.

„Бидејќи повеќето од нас немаат платени слободни денови, или пак се казнуваат за земање слободен ден или едноставно не можат да си дозволат да посетат нешто или да одат некаде“, напишал тој.

„Грижата за малите деца чини повеќе од факултет, кредитите за факултети чинат повеќе од плаќањето рата за куќа или стан, а работните места не плаќаат ниту за една од тие работи“, додава истото лице.

Истражувањето покажало дека овие знаменитости се најчести на „листата на посакувани дестинации“ на Американците.

• Големиот Кањон

• Националниот парк Јелоустоун

• Статуата на слободата

• Планината Рашмор

• Емпајр стејт билдинг

• Светскиот трговски центар

• Мостот Голден гејт

• Њујоршкиот аквариум

• Кулата-игла во Сиетл и

• Националниот воен парк Гетисбург

Истражувањето, исто така, го откри и податокот за слободните активности, дека во просек, Американците одат во ново кафуле на секои пет месеци, во нов ресторан на секои четири, а на плажа, на секои шест месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG