Подготовките за утрешната кралска свадба во Британија се во тек. Во меѓувреме, историчарите, новинарите и експертите разговараат за кралските норми, и како поранешната актерка Меган Маркл се совпаѓа со нив.
„Меган е Американка и потекнува од мешан брак. Таа е разведена, активистка, феминистка и поранешна актерка. Ова можеше да биде добра причина да не стане дел од едно кралско семејство. Сепак, таа е позитивно прифатена“, вели историчарот Ричард Фицвилијамс.
Сепак, вели тој, карактеристично е што Меган и Хари имаат сличен хуманитарен ангажман.
„Маркл е активистка поголемиот дел од животот. Во Руанда и Индија, како и во Обединетите нации за поголеми права на жените“, вели Фицвилијамс.
„Меган го донесе калифорнискиот стил во Британија. А Хари, на нејзино инсистирање беше на диета и ослабе“, рече Милс
Но, некои критичари велат дека нејзината екстровертност, можеби и нема да оди рака под рака со монархијата, каде политиката е табу - тема.
„Кралското семејство работите ги врши тивко и достоинствено. За неа ќе биде тешко да ја намали гласноста на нејзиниот активизам. Ќе треба период на адаптација“, вели експертот Томас Милс.
Смртта на принцезата Дијана во Париз ја потресе нацијата, а децата, особено Хари, поминаа низ психолошка траума, вели Фицвилијамс.
„Беше неверојано искуство. Нема дилема дека поминувал низ тешко време, по што се сврти кон активности во Армијата. Особено е активен во хуманитарните цели“, вели тој.
Принцот Хари беше на служба во Авганистан, а со хуманитарната работа продолжи ширум целиот свет.
Но, зад оваа врска, има многу, многу компромис.
Утре, настанот на деценијата, ќе го следат милиони гледачи.
Facebook Forum