Официјален претставник на Белата куќа се оградува од изјавата на Кели Садлер, специјален помошник во Канцеларијата за комуникации во Белата куќа, по повод противењето на сенаторот Џон Мекејн за изборот на прв човек на ЦИА, која кажа: „Не е важно, тој и онака умира“.
Републикански сенатор од Аризона, кој има 81 година, се бори против рак на мозокот.
Садлер изјавата ја дала, пред персоналот во Одделот за комуникации.
Две лица кои присуствувале на состанокот зад затворени врати, за Асошиетед прес, под услов да останат анонимни, изјавија дека се чувствуваат „шокирани и запрепастени“ од забелешката. Забелешките беа потврдена и од други медиуми.
Белата куќа не ја негираше забелешката. Излегоа со соопштение во кое се вели: „Ние ја почитуваме заслугата спрема сенаторот Мекејн кој ја даде кон нашата нација, и нашите молитви се со него и неговото семејство “.
Вчеравечер, по забелешките на Садлер, сопругата на Мекејн, Синди, објави на Твитер: „Може ли да ве потсетам дека мојот сопруг има семејство, седум деца и пет внуци?“.
Мекејн, кој беше измачуван како воен затвореник во Виетнам, издаде соопштение во средата, барајќи од Сенатот да гласа против Џина Хаспел за директорка на ЦИА. Тој рече дека верува дека Хаспел е патриот, но „нејзиното одбивање да се признае неморалниот акт на тортурата е дисквалификувачко“.
Мекејн е во Аризона од декември по дијагноза на глиобластом, агресивен рак на мозокот.
Мекејн и Трамп имаат турбулентни односи.
За време на предизборната кампања, Трамп изјави за Мекејн: „Тој не е воен херој, бидејќи беше заробен. Повеќе ми се допаѓаат луѓето кои не биле заробени“.
Мекејн минатата година славно се врати во Вашингтон од Аризона за да гласа против укинувањето на републиканската здравствена заштита позната како Обамакер.
Facebook Forum