Кина не е на штотуку објавената листа на држави за кои Белата куќа вели дека ќе бидат привремено изземени од тарифите за челик и алуминиум што влегуваат во сила во петок.
Државите кои добија такво изземање се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Мексико, Јужна Кореја и членките на Европската унија.
Кина одговори дека реципрочно ќе постави давачки на американски производи, вклучувајќи го свинското месо, јаболките и челични цевки.
Порано месецов, претседателот Доналд Трамп соопшти дека воведува 25 процентни тарифи за челикот што доаѓа во државата и тарифа од 10 проценти на увезениот алуминиум.
Кинескиот амбасадор во САД кажа дека нема победници во трговска војна.
„Тоа секако ќе има влијание на секојдневниот живот на луѓето од средната класа во САД. Ќе влијае на приходите и трошоците на американските компании. Ќе ги засегне индексите на финансиските пазари. Ќе ја намали довербата на луѓето во долгорочната економска перспектива. Не мислам дека некој од ова ќе добие“.
Во својата прокламација од четвртокот навечер, Трамп кажа дека предметите од челик и алуминиум се увезуваат во САД во количини и под услови што се закана за националната безбедност на САД.
Претседателот ќе реши до 1-ви мај дали ќе продолжи со изземањата „врз основа на статусот на дискусиите“ со државите.
Европската унија ќе преговара во името на своите држави-членки.
Facebook Forum