Линкови за пристапност

Британски претставник во ОН: Русија стои зад обидот за атентат врз Скрипал


Британскиот претставник во ОН, изјави дека темелната истрага укажува дека Русија стои зад обидот за атентат врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, Јулија.

Во обидот за труење со нервен агенс, беа повредени и неколку други лица, меѓу кои и еден полицаец.

Британските власти изјавија дека во нападот бил користен хемиски агенс, првично развиен од поранешниот Советски Сојуз и наследен од Русија.

Џонатан Ален, британскиот заменик амбасадор рече:

„На 4-ти март, во мирен град во мојата држава беше искористено опасно оружје, што е забрането да се користи дури во војна. Ова беше непромислено дело, извршено од луѓе кои ја игнорираа светоста на човечкиот живот, кои се рамнодушни кон тоа дали невини лица ќе се најдат како цел на нивниот напад. Тие не биле загрижени дали ќе бидат откриени трагите за употреба на оружјето или погрешно верувале дека можат да ги покријат своите траги“.

Ники Хејли, американската амбасадорка во ОН, ги поддржува обвинувањата на Велика Британија, еднo од најсилните забелешки на администрацијата на Трамп во врска со улогата на Москва.

Рускиот амбасадор Василиј Небензја, ги отфрли британските обвинувања и побара објаснување од Лондон.

Небензја побара британските власти да обезбедат примероци од супстанцијата што била користена во нападот заради заедничка истрага, бидејќи Британија тврди дека таа потекнува од Русија.

Портпаролот на Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, рече дека употребата на нервни агенси од страна на држава претставува сериозно нарушување на меѓународното право.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG