Линкови за пристапност

Министерот Димитров и сенаторот Марфи на средба во Брисел


Министерот Димитров го запозна сенаторот Марфи со текот на реформите како и со актуелностите во процесот на разговорите со Грција во правец на надминување на разликата околу името. Двајцата ја констатираа важноста за што побрз прием на Македонија во НАТО

БРИСЕЛ - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, во Брисел, се сретна со сенаторот Крис Марфи, копретседавач на Поткомитетот за Европа при Комисијата за надворешни работи на Сенатот. На средбата присуствуваше и Сузан дел Бене од Претставничкиот дом на САД.

Димитров и Марфи разменија мислења за актуелните состојби во Македонија и регионот и двајцата ја констатираа важноста и потребата од што побрзо евроатлантско интегрирање на Република Македонија.

Министерот Димитров го запозна сенаторот Марфи со реформските постигнувања во однос на евроатлантската агенда, како и со актуелностите во процесот на разговорите со Грција, во правец на надминување на разликата околу името.

„Република Македонија е незавршена работа за НАТО и во 2018-та година се нуди одлична можност за заокружување на стратешката определба на македонските граѓани за полноправно членство во Алијансата”, изјави Димитров и додаде дека покрај реформите во правосудството и разузнавачкиот сектор, Македонија го засилува својот партнерски ангажман во борбата против глобалниот тероризам и екстремизам и градењето на мирот во Авганистан.

По престојот во Брисел, сенаторот Марфи ќе допатува во официјална посета на Република Македонија, каде ќе учествува на комеморативните настани по повод 75-та годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG