Градоначалникот на Општина Валанадово Перо Костадинов одлучил финансиските средства предвидени за празникот 8- ми март, во висина од 20.000 денари, да ги донира во т.н „Интервентниот женски фонд“, кој е наменет за помош на жени - жртви на насилство.
„Оваа помош е потребна за обезбедување на медицинска документација, извештаи од специјалисти, за ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош, како и за други итни мерки за поддршка на жената, со цел да излезе од насилната врска“, информираат од Општина Валандово.
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека станува збор за одличен потег, кој треба да го следат и останатите, и оти конечно парите на овој начин ќе одат во вистински раце.
Facebook Forum