Линкови за пристапност

Џозеф: Се` зависи од тоа дали сторителот е Србин или Албанец


Џозеф: Се` зависи од тоа дали сторителот е Србин или Албанец
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:30 0:00

„Во моментов тоа не се знае, а импликациите се веќе сериозни“, додаде овој аналитичар околу убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ

Аналитичарот Едвард Џозеф во изјава за албанската редакција на Гласот на Америка преку Скајп, најпрво изрази длабоко сочувство за семејството на Ивановиќ, којшто денеска беше убиен пред неговата канцеларија во Косовска Митровица.

„Го познавав Оливер лично, секогаш го почитував, многу жалам и изразувам длабоко сочувство за оваа голема загуба“.

Што се однесува до импликациите, тој кажа дека треба да се истакне „она што е очигледно“. „Се` првично зависи од тоа дали сторителот е Србин или Албанец. Во моментов не знаеме со сигурност“.

Косово е мошне поларизирано, а Митровица е „горлива точка“, додаде Џозеф. „Доколку Оливер бил убиен од Србин, од некоја причина, не треба да се имплицира кон Албанците, коишто се заглавени во тензични и непријателски односи со Србите, особено на север. Доколку ова е некаков спор – внатрешно, меѓу Србите, тогаш не е потребна потпалувачка реакција. Меѓутоа, доколку се востанови дека сторителот е Албанец, тогаш импликациите за односите се многу посериозни. Тогаш убиецот поприма политички карактер, и како што истакна претседателот Вучиќ, може да се протолкува како напад врз целата држава. Таквата реторика и ескалација, тогаш би се споделила, не само од Вучиќ, туку и од другите во српското опкружување“.

„Воедно“, истакна Џозеф, „охрабрувачки е што претседателот Тачи јасно го осуди убиството, изразувајќи ја својата намера, сторителот да биде изведен пред правдата“.

Сепак, во меѓувреме, како што изјави овој експерт, „импликациите се веќе сериозни. Инцидент од ваков вид, може да ги интензивира тензиите, каков и да е инцидент на Косово од меѓуетнички карактер, може да биде причина за зголемување на тензиите“, додаде Едвард Џозеф, професорот од Универзитетот Џонс Хопкинс, во интервјуто за Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG