Линкови за пристапност

Глобален пад на демократските принципи


Меѓу главните наоди на „Фридом хаос“ бил и пад на демократијата во САД, земја која важи за шампион во негување на демократските вредности

Новиот извештај објавен од независната организација „Фридом хаус“ наведува дека демократските принципи, како изборниот интегритет и слободата на печатот, бележат пад на глобално ниво, 12-та година по ред.

„Има повеќе земји во 2017-та, каде е забележан пад на слободата, отколку што покажаа подобрувања“, изјави Арч Пудингтон, професор по демократски студии за Гласот на Америка.

Според „Фридом хаус“, која анализирала податоци од 195 земји во текот на 2017-та, 88 земји биле оценети како „слободни“, 58 како „делумно слободни“, а 49 како „неслободни“ во својот последен извештај.

Северна Америка

Меѓу главните наоди на извештајот било и слабеењето на принципите во САД, кои важат за шампион на демократските начела, што уште повеќе го комплицира истражувањето на специјалниот советник Роберт Мулер за вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016-та.

„Има проблеми со изборите кои нема да ги најдете во повеќето добро етаблирани демократии“, вели Пудингтон, кој ги цитираше прекумерните пари во кампањите и државните закони што го отежнува гласањето како главен фактор кој може да го поткопа изборниот процес.

Кога станува збор за САД, „Фридом хаус“ ги посочи етичките потфати со кои се соочува сегашната администрација, вклучувајќи ги и бизнис-врските на семејството Трамп и потенцијалот за конфликт на интереси, како и одлуката на претседателот да не ги открива даночните пријави.

Белата куќа наведува дека во тек е даночна ревизија и поради тоа не се објавени бројки колку данок има платено претседателот Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG