Линкови за пристапност

2017-та била најбезбедна година за авионскиот сообраќај


Добрата вест експертите ја припишуваат на подобрената технологија на безбедносните системи на патничките авиони

Изминатава 2017-та година била најбезбедната во комерцијалната авионска индустрија, се вели во два нови извештаја.

Ниту една голема авиокомпанија не доживеа авионска несреќа, објави холандската консултантска служба за авијација „To70“.

„Изминатата 2017-та година, беше многу подобара отколку што можеше да се очекува“, рече истражувачот на „To70“, Адријан Јанг.

Тој истакна дека воздухопловниот сообраќај е најбезбедниот начин за патување, при што шансите за смртни случаи во авионска несреќа, сега се 1 од 16 милиони, дури и кога глобалниот воздушен сообраќај во 2017-та година се зголеми за 3 отсто во текот на претходната година.

Несреќи кои вклучуваат воени авиони, карго летови и мали авиони на турбини, не биле дел од студијата.

Во вториот извештај за безбедност во воздухопловството стои дека минатата година во вкупно десет несреќи на цивилни патнички и товарни авион, загинале 44 лица.

Експертите велат дека малиот број несреќи се должи на подобрената технологија на системите за безбедност во патничките авиони со кои, како што велат, има можност за елиминирање и спречување на судири во воздух.

Студијата, исто така, вели дека инженерите и екипажот забележувале повеќе безбедносни проблеми пред самото полетување на авионите.

И, претседателот Доналд Трамп во вторникот истакна дека 2017-та година била најбезбедната година во комерцијалната авионска индустрија.

„Бев многу строг во врска со комерцијалната авијација. Добра вест е што имало „нула“ смртни случаи во 2017-та година, што ја прави најдобра и најбезбедна годината!“ напиша на Твитер.

Но, од Асошиетед прес посочуваат дека нема некои нови големи правила во полето на безбедноста на авиоиндустријата воведени од администрацијата на Трамп во 2017-та година.

Напротив, вели АП, Белата куќа била бавна во однос на имплементирањето на предлогот од времето на Обама за забрана на литиумските батерии во патничките авиони, заради можноста од експлозија и предизвикување пожар.

Исто така, нема придвижување по планот на претседателот за приватизација на системот за контрола на летање во земјата.

Сепак, портпаролката на Белата куќа во вторникот изјави дека претседателот „го кренал степенот за безбедноста и сигурноста во воздухопловството во САД“.

Одборот за безбедност на САД, соопшти дека последната несреќа со загинати во САД се случила во 2009-та година, а последната авионска несреќа на мали авиони со турбини се случила на Хаваите во 2013-та година.

Статистиката за авионски несреќи се води од 1946-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG