Студеното време кое ги зафати централниот и источниот дел на САД ќе продолжи и наредните неколку денови.
Метеоролозите ги предупредија граѓаните за опасност од хипотермија и замрзнување, бидејќи температурите се под нулата.
Жителите во Ири, Пенсилванија се откопуваат од рекорните 1,5 метри снег, а метеоролозите прогнозираат и дополнителни 25 сантиметри.
Во меѓувреме, властите се обидуваат да ги згрижат бездомниците и заглавените патници.
Додека Американците се справуваат со екстремно ниските температури на крајот на 2017-та година, тренд број еден на Твитер е #ItsSoCold.
Facebook Forum