Линкови за пристапност

Твитер ќе ги елиминира навредливите содржини


Компанијата ги суспендира сметките на лидерите на екстремно десничарската група Британија Прва

Твитер вели дека почнал со применување на новите правила, со кои ќе се филтрираат омразата и навредливата содржина, вклучувајќи и пораки кои промовираат или поддржуваат насилство.

Компанијата ги суспендира профилите на лидерите на екстремно десничарската група Британија Прва, која редовно објавува провокаторски видеа, наводно, да ги прикаже муслиманите како насилни.

Индивидуалните профили на двајца водачи Џејда Френсен и Пол Голдинг, исто така, беа затворени.

Претседателот на САД Доналд Трамп, минатиот месец на својот Твитер профил презел три видеа од профилот на Франсен, во кои се тврди дека муслиманите извршуваат насилни дела.

Оваа порака ги поттикна пратениците во САД и Велика Британија да се изјаснат против Трамп и Британија Прва, при што неколкумина законодавци повикаа и откажување на државната посета на американскиот лидер.

Твитер во голема мера ги користи корисничките извештаи за да ги идентификува проблематичните профили и содржини, но, компанијата соопшти дека развива „внатрешни алатки“ за да ја зајакне способностa за контрола на содржините.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG