Линкови за пристапност

Судските предмети сепак се делеле рачно и се местеле кај судии


Министерството за правда спроведе истрага во која се потврдија информациите дека имало злоупотреби при распоредувањето на предметите во скопскиот Кривичен и во Врховниот суд. Во извештајот на Прибе беа наведени сомневања а на ова предупредуваше и СЈО

СКОПЈЕ - АКМИС системот за електронска распределба на предмети кај судии бил злоупотребуван, предметите се местеле кај одредени судии и се делеле рачно и телефонски, откри внатрешната истрага која ја спроведе Министерството за правда. Најмногу злоупотреби имало во Кривичниот суд во Скопје и во Врховниот суд. Предмети се делеле на рака, често се менувале распореди за работа на судовите, не се работело според законите и прописите. 860 предмети сеуште стојат во Кривичниот суд и не се распоредени кај судии поради што се доведува во прашање и статистиката на успешност на судот.

Ова се само дел резултатите од истрагата кои денеска ги презентираше министерот за правда, Биљен Салији.

Со ова само се потврдија сомнежите дека предметите на СЈО, каде обвинети се лица од поранешната владеачка гарнитура, рачно и телефонски биле местени секогаш кај исти судии, блиски до престедателот и компромитирани преку прислушуваните разговори кои ги објави СДСМ.

За евентуалните злоупотреби на АКМИС, можноста предметите да се давале на рака кај „подобни и проверени судии“ беше нотирано и во првиот Извештај на експертската група предводена од Рајнхард Прибе.

„ Потребата од извршување на увид во работата на познатиот АКМИС систем дојде како резултат на извештајот од експертската група на Прибе, во кој беше наведено дека има индиции за злоупотреба на системот за автоматска распределба на предмети во судовите“, рече министерот Салији на почетокот на своето излагање.

Најмногу пропусти се утвредени во Кривичниот суд каде годишниот распоред за работа на судот во последните две години бил сменет десет пати. Тука исклучувањето на судиите од автоматската распределба на предметите се вршела без писмена одлука, односно со наредба и без образложение.

Biljen Saliji minister of justice
Biljen Saliji minister of justice

„Извештајот ќе биде доставен до наделжните институции за да понатаму постапат согласно своите надлежности“, рече министерот Салији и најави контроли во сите судови низ Македонија

За откриените злоупотреби, според информациите на Гласот на Америка, покрај Владата и СЈО, ќе бидат известени и Јавното обвинителство и Судскиот совет. Овие две институции треба да одлучат дали има кривична одговорност и да ја лоцираат. Експертите пак сметаат дека во овој случај вината паѓа кај претседателите на судовите. Во периодот во кој се лоцирани злоупотребите Кривичниот суд го водеа Владимир Панчевски, Татјана Михајлова и Стојанче Рибарев а Врховниот Лидија Неделкова и Снежана Бајлозова.

Системот АКМИС почна да се применува од 2010 година а покрај електронската распределба на судски предмети тој ги автоматизира и следи сите фази на предметите во судовите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG