Линкови за пристапност

Уапсени 36 лица за упадот во Собранието


Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници и водачи на протестите се меѓу триесетмината приведени кои во моментов се наоѓаат во скопскиот Кривичен суд. Осомничените се товарат за тероризам

Јавното Обвинителство утрово даде налог за приведување на триесетина лица, поранешни полициски функционери, пратеници и граѓани околу настаните на 27-ми април и насилниот упад во Собранието на РМ, познат како „крвавиот четврток“.

Она што е потврдено е дека досега се приведени поранешниот министeр за внатрешни работи Митко Чавков, двајца поранешни началници во МВР, пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Жаклина Стефановска, поранешниот директор на Фондот за здравство Сашо Стефановски, велешанецот Горан Ангелов-Ќосето, лидерите на протестите „За Заедничка Македонија“ чии приврзаници упаднаа во Собранието, актерот Владо Јовановски и Игор Дурловски и уште неколку лица. Неофицијално полицијата трага по пратениците Сашо Василевски и Јохан Тарчуловски како и останатите лидери на протестите.

​Сите се спроведени пред судија на претходна постапка каде треба да дадат изјава. Судот е под силно полициско обезбедување и е забранет пристап дури и за новинарските екипи.

Уапсени триесетина лица за „крвавиот четврток“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Од Јавното обвинителство соопштија дека бараат приведување на 36 лица кои се товарат за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик за што е предвидена минимална затворска казна од четири години.

Од Судот и Обвинителството најавија дека ќе изезат со дополнителни официјални информации во текот на денот

Полициската акција почна утринава, околу 5.30 часот, со апсењето на Чавков во неговиот дом во скопската нселба Аеродром. Чавков раководеше со оперативниот штаб на МВР и е директно одговорен за отсуството на било каква акција и реакција на полицијата во првите часови од насилствата во Собранието.

Од моментот кога толпата упадна во Собранието, благодарение на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои ги отворија вратите, Чавков наредните два часа воопшто не одговараше на повиците на тогашниот министер на полиција Агим Нухиу, а тој беше единствениот кој можеше да даде команда за акција. Во собранието во тој момент имаше одвај триесетина полицајци кои воопшто не се обидуваа да го спречат насилство.

На почетокот Чавков тврдеше дека „бил со колегите на терен поради ситуацијата“, но истрагата откри дека во тој период бил во центарот на Скопје на стотина метри од Собранието бидејќи неговиот мобилен телефон бил лоциран на три базни станици во строгиот центар на градот. По објавувањето на оваа информација, Чавков го смени исказот, тврдеше дека во центарот на Скопје бил од приватни причини. Чавков никогаш не даде исказ или изјава за инцидентите и отсуството на полициска реакција на 27-ми април. Пред комисијата на МВР тврдеше дека е назначен од владата за директор и одговара само во влада. Ниту еден обвинител не го повика до денеска на распит или да даде исказ.

Пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои се снимени од безбедносните камери во Собранието како ги отвараат вратите и овозможуваат упад на толпата граѓани исто така до сега не беа повикани на распит. Тие одбиваа да одговорат на било какво новинарско прашање и тврдеа дека се невини, но не ги коментираа снимките на кои јасно се гледа што прават.

Лидерите на протестите „За заедничка Македонија“ чии приврзаници упаднаа во Собранието досега отфрлаа било каква вина за настанот тврдејќи дека станува збор за спонтан чин и дека тие биле таму само“ за да помогнат“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG