Линкови за пристапност

Канализациската мрежа - најголем проблем за Трпејца


Трпејца без канализациска мрежа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Дополнителен проблем за ова населено место во кое што живеат околу 500 жители, е што не е приклучено ниту на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро

Трпејца, една од најпосетуваните туристички населби на брегот на Охридското Езеро во 21-от век, се` уште функционира со септички јами.

Со оглед дека нема канализациска мрежа, секоја куќа има и по неколку септички јами. Така било пред сто години, велат жителите, така е и сега, каде единствен извор на егзистенција им е туризмот и рибарството.

„Сите хемиски средства кои ги користиме одат во езерото, во реонот на Трпејца. Се` влегува внатре, а ние ја пиеме водата од езерото бидејки немаме други решенија“, вели Јордан Новески, жител на Трпејца.

До брегот на езерото води убаво уредена патека, каде се сместени и неколкуте локални угостителски објекти, популарни во екот на сезоната. Таму не однесе нашиот домаќин од Трпејца, Ристо Бешироски.

Иако езерото беше разбрането, околните планини и недопрената природа, од ова место прават атрактивна туристичка дестинација.

„Местото е убаво, народот е добар. Имаме природа, езеро, плажа. Но, не е направено како што треба. Зборувам за канализацијата. Водата преку јамите оди право во езерото“, вели Бешироски.

Плажата во Трпејца важи за една од најубавите на охридското крајбрежје и затоа со право, Трпејца ја нарекуваат македонско „Сент Тропе“.

Мештаните своите куќи се почесто ги претвораат во приватни сместувачки капацитети.

„Треба да се инвестира повеќе, бидејки тие се места кои се недопрени од човечката рака. Меѓутоа, не само што не се допрени во позитивна смисла, тие не се допрени и во негативна смисла. Тоа значи дека треба да се одржува она што природата го дала, бидејки профилот на туристи кои доаѓаат во нашиот крај се многу заинтересирани за ваквите места“, вели туристичката работничка од Струга, Анкица Милевска.

Дополнителен проблем за ова населено место во кое што живеат околу 500 жители е што не е приклучено ниту на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Од општината Охрид ветуваат изградба на канализациска мрежа, а со проектот за санација и ревитализација на потоечиот колекторски систем и доизградба на нова мрежа, ќе биде опфатена и Трпејца. Оттаму велат дека Трпејца е дел од населбите во југоисточниот дел на крајбрежјето, каде недостасува инфраструктура за собирање, одведување и третман на отпадни води, со што директно се загадува езерото.

Судбината на Трпејца ја делат уште други неколку населени места во регионот на Охрид и Струга. Според некои податоци, само 22 процента од териотиријата на Македонија е опфатена со канализациската мрежа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG