Милитант наводно вмешан во смртоносниот напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија во 2012-та година, е доведен во САД и се очекува да биде изведен пред суд.
Претседателот Трамп преку соопштение кажа дека овластил мисија на специјалните сили за апсење на Мустафа ал-Имам ин Мисрата во северна Либија.
Во нападот од исламските милитанти на 11-ти септември, 2012-та, загина американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и тројца други Американци.
И покрај распитите со кои раководеа републикански законодавци, нема докази за погрешни постапки или намерно занемарување од страна на тогашната државна секретарка Хилари Клинтон или Стејт департментот.
Facebook Forum