Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на прес- конференција непосредно по затворањето на гласачките места на вториот круг од локалните избори, изјави дека партијата не ги признава изборните резултати. Тој побара предвремени парламентарни избори, спроведени од техничка влада во согласност со Пржинскиот договор и оставка од претседателот на ДИК, Александар Чичаковски и директорот на АВМУ.
Груевски обвини за огромен број нереуларности во вториот круг, а потсети и на нерегуларностите од првиот круг на локалните избори.
"Во текот на денот забележавме партиско агитирање, поткуп на гласачи, партиски притисоци, уцени, притисоци од унифомирани и неуниформирани лица, бугарски воз, гласачки ливчиња носени од едно од гласачко место, уцени врз земјоделци, вработени во јавна администрација и на сето ова огромен молк од полицијата која е активен учесник во овие фалсификувани избори", рече тој.
Груевски наведе седум барања, меѓу кои се отварање на итна истрага и вештачење на уредите за прислушување во УБК поради сомнеж дека се прислушуваат најмалку 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ, итно завршување на судењето на премиерот Зоран Заев каде е обвинети за поткуп, основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчитување на избрните нерегуларности во 2016 и 2017, поради злоупотреба на целиот државен апарат и итно ослободување на лицата и прекин на постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од 27 април.
На овие избори, според Груевски, ВМРО-ДПМНЕ се соочила со двоен противник: СДСМ, како традиционален и легитимен политички противник, и полицијата, која била ангажирана за партиски цели и интереси на СДСМ.
Facebook Forum