За Денот на вештерките Американците од сите возрасти се маскираат, а понекогаш ги маскираат и нивните домашни миленичиња.
Според Националната асоцијација за малопродажба, 179 милиони Американци планираат годинава да учествуваат во одбележувањето на овој ден, наспроти 171 милиони колку што тоа го сториле лани.
Американците годинава за празникот ќе потрошат 9,1 милијарда долари, наспроти 8,4 колку што потрошиле во 2016-та година.
Од Националната асоцијација за малопродажба велат дека ова се најпопуларните костуми:
Кај децата:
1. Акциони супер херои
2. Бетмен
3. Принцези
4. Животни
5. Спајдермен
Kај возрасните:
1. Вештерка
2. Бетмен
3. Животни
4. Пират
5. Спајдермен, Капетан Америка
Facebook Forum