Линкови за пристапност

Секој ден во Македонија - четири нови жени со рак на дојка


Секој ден во Македонија - четири нови жени со рак на дојка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

По повод светскиот месец за борба против оваа болест, експерти за Гласот на Америка, зборуваат за кревање на свеста, и кај жените, и кај мажите

Четири нови жени во Македонија секој ден заболуваат од рак на дојка, вели Биба Додева, претседателка на Здружението за борба против рак „БОРКА - за секој нов ден“, по повод светскиот месец за борба против оваа болест.

„Оваа ситуација мора да се смени, а она што треба да се направи е имплементирање на Национална стратегија за контрола на ракот, бидејќи со неа ќе може да се контролира целосната состојба, во однос на малигните зболувања во нашата држава“, вели Додева.

Таа додава дека пациентите се соочуваат со недостиг на терапии, дефицит на лекари, а позитивната листа со лекови не била ревидирана повеќе од десет години.

„Мора точно да се знае бројот на заболени и да се озвозможи навремен пристап до сите терапии, кои можат да им го спасат животот на пацинетите“, смета Додева.

Планира октомври да го помине во кампањи и обуки на жените, кои никогаш не направиле мамографија, исто како и Пола Ротенберг и Џенет Собел - две храбри жени во Вашингтон, кои го водат Здружението за поддршка на болни од рак „Hope connections”.

„Стресот е многу важен фактор луѓето да зaболат, но, и да се излекуваат од рак, бидејќи тој влијае врз имуниот систем. Сите наши програми се дизјанирани да го редуцираат стресот, како и да ја вратат силата преку зајакнување на физичкото здравје“, вели Ротенбер.

Од вкупно 2.500 лица, најмалку 100-тина, секоја недела доаѓаат за да добијат стручна помош од лекари, и да бидат дел од програмите за намалување на стрес и чувството на изолираност.

Собел е задолжена се` тоа успешно да функционира.

„Мамографијата треба да биде достапна за сите, независно од здравственото осигурување што го имаат луѓето. Доколку немате осигурување, во најголем број случаи не може да обезбедите ваков преглед, бидејќи е скап. А, ако ракот се открие доцна, шансите за смртност се големи“, изјави Собел.

Со ова се согласува Пеги Кидвел, на која и` бил дијагностициран рак на дојка пред 20 години.

Таа успешно се бори со болеста, а голема помош добива во ова здружение, кое таа го нарекува „Куќа на мојата најдобра пријателка“.

„Сите жени треба да прават мамографија, независно од препораките. Иако генетското тестирање може да биде негативно, тоа не е гаранција дека сте здрави“, порача Кидвел.

Кучето Бела и` е најдобар другар на Пеги, кое е тренирано да и` помага во автобус, кога се движи, како и да алармира доколку и` е потребна итна помош.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG