Линкови за пристапност

САД привремено ги стопираа визите за турски државјани


Привремено прекинати сите неимигрантски барања за виза од Турција, според американската амбасада во Анкара

Во изјавата од амбасадата во неделата се вели: „неодамнешните настани ги принудија САД да ја преиспитаат посветеноста на Владата на Турција околу безбедноста на објектите и дипломатскиот персонал во земјата“.

Во изјавата не се разјаснети причините, ниту пак, колку долго ќе трае суспензијата.

Неколку часа подоцна, Турција се закани дека ќе примени иста мерка и ќе ги суспендира визните услуги во нејзината амбасада и конзуларни претставништва ширум САД.

Минатата недела, Турција го уапси турскиот државјанин Метин Топуз, вработен во конзулатот на САД, обвинувајќи го за постојана комуникација со наводни водечки членови, за кои Турција смета дека се терористичка мрежа обвинета за неуспешниот пуч против претседателот Реџеп Таип Ердоган, минатата година.

Турската влада ја обвини организацијата, наводно, формирана од турскиот свештеник од САД, Фетулах Ѓулен, за организирање на државниот удар.

Ѓулен, кој е во самонаметнат егзил во сојузната држава Пенсилванија, негира каква било вмешаност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG