Американецот Ричард Талер е добитник на Нобеловата награда за економија за 2017-та.
Кралската шведска академија соопшти дека нагардата се доделува за неговите придонеси во расветлувањето на психолошките фактори во донесувањето економски одлуки
„Со истражување на последиците од ограничената рационалност, социјалните преференци и недостатокот на самоконтрола“, Талер покажа како овие човечки особини систематски влијаат на индивидуалните одлуки, како и на резултатите на пазарот, рече шведската академија.
Талер ја разви теоријата за „ментално сметководство“, објаснувајќи како луѓето ги поедноставуваат финансиските одлуки преку креирање на посебни сметки во нивните умови, фокусирајќи се на ефектот на секоја индивидуална одлука, а не на нејзиниот севкупен ефект.
Талер е роден во 1945-та година во „Ист Оринџ“, Њу Џерси а докторирал во 1974-та на Универзитетот во Рочестер, Њујорк. Тој е професор по наука на однесување и економија на Универзитетот на Чикаго.
Наградата е во вредност од 1,1 милион долари.
Тој ја разви теоријата за „ментално сметководство“, објаснувајќи како луѓето ги поедноставуваат финансиските одлуки
Facebook Forum