Линкови за пристапност

Сателитот беше повик за будење на САД, кои потоа ја формираа американската агенција за вселенско истражување - НАСА

Денес се одбележуваат 60 години од лансирањето на „Спутник“, што значи сателит или сопатник, од страна на тогашниот Советски Сојуз. Тој беше првиот вештачки сателит што ја обиколил Земјата, а со тоа започна и ерата на истражување на вселената.

„Спутник“ беше широк 58 сантиметри, тежок 64 килограми, а поседуваше и радио предавател кој емитуваше и го испрати првиот сигнал во вселената на 4-ти октомври 1957-та година.

Во екот на Студената војна, во САД имаше страв дека Советскиот Сојуз е научно напреден. „Спутник" траеше 92 дена пред да се запали во атмосферата со што ги комплетираше сите 1.400 обиколки на секои 90 минути.

Сателитот беше повик за будење на САД, кои потоа ја создадоа НАСА и во 1969-тата година, испратија луѓе на Месечината.

Морис Џонс, австралиски аналитичар за вселенски патувања, за Гласот на Америка изјави дека „Спутник" претставувал удар за САД, сличен како нападот на Јапонците во Перл Харбор во 1941-та и терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, во 2001-та.

Џонс вели дека според наследството на „Спутник", денес секој човек на Земјата, на некој начин е дел од вселенскиот простор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG