Австралиската агенција што ја предводеше потрагата за исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ изрази длабоко жалење што авионот не е пронајден повеќе од три години по неговото исчезнување.
Австралиското биро за безбедност во сообраќајот, во денеска објавен вели дека мистеријата на Малезија Ерлајнс-МХ370 е „незамислива и неприфатлива во ерата на модерната авијација“.
Авионот од типот „Боинг 777“ исчезна на 8-ми март 2014-та година за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг, превезувајќи 239 патници и членови на екипажот.
Австралија, Кина и Малезија покренаа тригодишно истражување кое чинеше 160 милиони долари и опфати пребарување на околу 120 илјади километри во јужниот Индиски Океан. Акцијата беше прекината во јануари, без трага од авионот, освен три парчиња кои се појавија на различни точки по брегот на океанот.
„Причините за губење на лет не може да се утврдат со сигурност додека не се пронајде авионот“, стои во извештајот од Австралиското биро за безбедност во сообраќајот.
Истражувачите препорачаа да се пренасочат напорите за пребарување на површина од 25 илјади километри квадратни, директно на север од областа за пребарување. Но, Австралија, Кина и Малезија ја отфрлија препораката, велејќи дека нема нови убедливи докази со коишто би оправдале таква акција.
Facebook Forum