Линкови за пристапност

Масакр на Светскиот ден на ненасилство


На денот на најголемиот масакр во поновата историја на САД, Обединетите нации го одбележaa годишниот Меѓународен ден на ненасилство со зборовите на Махатма Ганди.

„Ништо трајно не може да се изгради со насилство“, рече претседателот на Генералното собрание Мирослав Лајчак во понеделникот, цитирајќи го починатиот лидер на Индија.

„Обединетите нации мора постојано да потсетуваат на ова“, рече словачкиот амбасадор Лајчак.

Пред десет години, ОН го прогласија 2-ри октомври, ден посветен на ненасилството, во чест на раѓањето на Ганди во 1869 година.

Генералниот секретар Антонио Гутереш исто така кажа дека „шокиран и вознемирен“ од масакрот во Лас Вегас.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG