Линкови за пристапност

Најсмртоносни масовни убиства во САД


Со повеќе од 50 убиени и над 500 други повредени од стрелец кој пукал во публика на концерт на отворено во Лас Вегас, Невада, неделниот масакр е најкрвавиот биланс од вакви инциденти во историјата на САД. Еве преглед на другите:

Јуни 2016-та: Вооружено лице убило 49 лица во Пулс, ноќен клуб за хомосексуалци, во Орландо, Флорида.

Декември 2015-та: Двојка застрелала 14 лица во напад на Агенцијата за социјални услуги во Калифорнија. Сторителите се убиени од страна на полицијата.

Ноември 2015-та: Вооружено лице убило тројца во напад во Колорадо во клиника за абортуси. Убиецот уапсен по неколкучасовна акција на полицијата.

Октомври 2015-та: Вооружено лице убило девет лица во колеџ во Орегон, пред да биде застрелан од полицијата.

Јули 2015-та: Лице убило петмина во Центар на американската морнарица во Тенеси пред да биде убиен од полицијата.

Јуни 2015-та: Вооружено лице убило девет лица во црква во Јужна Каролина пред да избега. Истиот е уапсен наредниот ден, и чека судење.

Мај 2015-та: Девет лица убиени во престрелка на ривалски клубови на мотоциклисти и полицијата, во ресторан во Тексас.

Октомври 2014-та: Тинејџер убил четири тинејџери, од кои двајца негови роднини во средното училиште во Вашингтон, пред да се самоубие.

Септември 2013-та: Лице застрелало 12 други во поморски објект во Вашингтон, пред да загине во престрелка со полицијата.

Декември 2012-та: Вооружено лице убило 26-мина возрасни и деца во основното училиште Сенди Хук во Конектикат, пред да се самоубие.

Август 2012-та: Едно лице убило шестмина во храм на Сики во Висконсин пред да се самоубие.

Јули 2012-та: Вооружено лице убило 12 луѓе за време на прикажувањето на филмот Бетмен, во кино сала во Колорадо.

Јануари 2011-та: Вооружено лице убило шест лица и ја рани конгресменката од Аризона, Габриел Гифордс во Тусон.

Ноември 2009-та: Психијатар во американската армија убил 13 лица во Форт Худ, Тексас.

Април 2007-ма: Студент во Вирџинија убил 32 лица пред да изврши самоубиство.

Октомври 2006-та: Вооружено лице убило пет девојчиња во училиште за Амиши во Пенсилванија, пред да изврши самоубиство.

Јануари 2006-та: Поранешна поштарка убила осум лица пред да изврши самоубиство во Калифорнија, во редок ваков инцидент кога извршителот е жена.

Април 1999-та: Двајца ученици од средното училиште Колумбајн убија 12 студенти и еден наставник во Колорадо, пред да се самоубијат.

Ноември 1991-ва: Вооружено лице убило четворица професори и еден студент во Ајова пред да изврши самоубиство.

Октомври 1991-ва: Лице со камион влетал во кафетерија во Тексас и потоа започнал со пукање. Убил 23 лица пред да изврши самоубиство.

Август 1986-та: Вооружен маж убил 14 поштенски работници во Оклахома пред да изврши самоубиство.

Јули 1984-та: Вооружено лице убило 21-но лице во Мекдоналдс, Калифорнија, пред да биде убиен од полицијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG