Линкови за пристапност

САД донираше опрема за Граничната полиција вредна 60 илјади долари


Над шест илјади цариници и гранични полицајци минале низ обуки на иструктори од САД. Поддршката на САД е изразена и преку донации на техничка опрема вредни неколку милиони евра

САД денеска донираше нова опрема за Граничната полиција во рамките на долгогодишната поддршка на Македонија и ефикасното работење на сите сектори на МВР.

Донацијата се состои од модерна опрема за откривање на нелегална трговија со луѓе, возило и пет специјални теренски четирицикли а нејзината вредност изнесува 60 илјади долари.

Амбасадорот на САД Џес Бејли му ја предаде донацијата на министерот Оливер Спасовски на граничниот премин „Блаце“. Тој истакна дека САДќе продолжат со донации и обуки со цел да се зајакне контролата на границите а со тоа и безбедноста на државата.

„Оваа донација е уште еден доказ за нашата соработка и партнерство. Се гордееме на соработката сите овие изминати години со граничната полиција, преку доделување на опрема за ефикасно работење, до обуки тренизни кои ги организираме за царинските работници, со цел зајакнување на борбата со нелегалната трговија и сигурни граници “, истакна амбасадорот Бејли.

Министерот Спасовски се заблагодари на донацијата и нагласи дека успешното менаџирање на безбедноста на границите подразбира отворени, но и добро контролирани граници, каде што е возможен брз проток на материјални добра и патници, и ефикасна контрола и спречување на сите облици на илегална миграција и прекуграничен криминал.

„ Со денешнава донација од страна на Амбасадата на САД на современа техничка опрема, значително ќе се подобрат оперативните капацитети на нашата гранична полиција во повеќе сегменти од граничното работење. Тоа пак ќе значи поголема функционалност и ефикасност во остварувањето на редовните работни задачи на граничната полиција“, рече министерот Спасовски.

САД веќе 20 години константно донираат опрема на Царинската управа, МВР и Граничната полиција а покрај тоа низ обуките на инструкторите од САД минале над 6.000 цариници и гранични полицајци. Досега помошта на САД се проценува на околу 20 милиони долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG