Линкови за пристапност

Претставен новиот Ајфон Икс или Ајфон 10


Ајфон 8, Ајфон 8 плус и Ајфон 10
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:33 0:00

Денес за прв пат во театарот „Стив Џобс“ во Калифорнија, Епл претстави најнови модел на паметни телефони

Новиот Ајфон 8 и Ајфон 8 плус, во дизајнот речиси и да нема никакви разлики од претходникот Ајфон 7 и Ајфон 7 плус.

Она што ќе биде поинакво - телефоните ќе имаат целосно стаклено куќиште, подобрени стерео-звучници со 25 проценти посилен звук, подобрена камера со 12 мегапиксели и дополнителни ефекти за слика, нов процесор А11 бионик.

Новите модели на Епл, ќе имаат можност за безжично полнење на батеријата.

Како што рекоа од Епл, со новиот Ајфон 8 плус, снимањето на видео- материјал, е единствено од ваков вид и со најдобар квалитет кај кој било паметен телефон досега.

Ајфон 8 ќе се продава по цена од 699 долари и со меморија од 32 гигабајти, додека Ајфон 8 плус со меморија од 64 гигабајти, ќе чини 799 долари.

Покрај новите модели на Ајфон 8 и Ајфон 8 плус, Епл го претстави и новиот модел Ајфон Икс (iPhone X) или Ајфон 10.

Ознаката “X” доаѓа од римскиот број кој значи 10. Ова се случува на 10- годишнината од излегувањето во продажба на првиот Ајфон, кога се појави како прв паметен телефон во светот.

Новиот Ајфон (iPhone X) ќе има целосно стаклено куќиште, но поголем екран којшто практично се протега преку целиот телефон. Големината на екранот ќе биде 5,8 инчи.

Телефонот ќе поседува и сензор за препознавање на лице, што ќе служи за отклучување.

Ајфон 10 ќе се продава по цена од 999 долари, за меморија од 64 гигабајти.

Пред објавувањето на новата направа, Епл го претстави и новиот часовник „Ајвоч“ - серија 3. Новина кај часовникот е што ќе може да се користи како телефон независно од Ајфонот, како што беше случај досега.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG