Линкови за пристапност

Да не се заборави - 16 години од нападите на 11-ти септември


Околу 3.000 луѓе ги загубија животите во Њујорк и Вашингтон

Доналд Трамп, за првпат како претседател, денеска ќе ја предводи нацијата во сеќавањето на жртвите од нападите од 11-ти септември, 2001-та, во Њујорк и Вашингтон.

Трамп ќе ја одбележи 16-годишнината од најкајкатастрофалниот терористички напад на американска територија, на комеморација во Белата куќа, со едноминутно молчење во 8:40 часот, по локално време, кога првиот авион, киднапиран од терористите на Ал-Каида, се урна во Светскиот трговски центар во Њујорк. Вториот авион ја погоди втората кула 23 минути подоцна, по што облакодерите се урнаа во пламен.

Американскиот претседател воедно ќе присуствува и на комеморацијата во Пентагон, каде се урна третиот, од вкупно четирите авиони запленети тој ден.

Потпретседателот Мајк Пенс ќе отпатува за Шенксвил, Пенсилванија, каде четвртиот киднапиран авион се урна во поле. Се верува дека патниците се обиделе да ја вратат контролата врз авионот откако сфатиле дека киднаперите со нож го натерале пилотот да го насочи кон Вашингтон за друг напад, најверојатно врз зградата на Конгресот или Белата куќа, и дека киднаперите го урнале авионот, наместо да се предадат.

На овој ден, загинаа сите патници и членови на екипажот во овие авиони, а како последица од нападите, животот го загубија околу 3.000 лица во Њујорк и Вашингтон.

Исламскиот милитант именуван од американските истражители, како „главен архитект“ на нападите во 2001-та, Калид Шеик Мохамед, беше фатен во Пакистан на почетокот на 2003-та година, и се наоѓа во американскиот воен затвор на Заливот Гвантанамо, Куба. Нападот бил одобрен од лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен од страна на американските командоси во мај 2011-та година, за време на рација во засолниште во Пакистан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG