Линкови за пристапност

Земјотрес од 8,2 степени во Мексико


Епицентарот 120 километри југозападно од Трес Пикос

Претседателот на Мексико изјави дека земјотресот што го погоди јужниот дел на државата Чиапас уби пет лица и` е најсилниот што ја погодил земјата во последниве 100 години. Тој рече дека е поголем од оној во 1985-та, во кој загинаа илјадници луѓе.

Енрике Пена Нито изјави дека земјотресот имал 8,2 степени, нешто повисока од онаа од 8,1 степени регистрирана од страна на американското геолошко истражување.

„Тоа беше голем земјотрес“, рече претседателот. „Беше многу поголем отколку тој што Мексиканците го паметат од 1985-та година.“

Земјотресот предизвика цунами во висина од едно метро, според Центарот за предупредување. Нема пријавени какви било уништувања од цунамито.

Гувернерот на Чиапас, Мануел Веласко во телевизиското интервју изјави дека „домови, училишта и болници се погодени“ од оштетувања од земјотресот.

Земјотресот беше почувствуван далеку како и во Мексико Сити и Гватемала. Жителите на мексиканската престолнина избегаа на улица, многумина во пижами, поради страв дека зградите ќе се распаднат.

Системот за предупредување на цунами во САД изјави дека земјотресот претставува потенцијална закана од цунами за неколку земји од Централна Америка, вклучувајќи ги и бреговите на Пацификот од Гватемала, Хондурас, Мексико, Ел Салвадор и Костарика. Од таму велат дека заканата се уште важи за Хаваи, Гуам и други пацифички острови.

Земјотресот беше со епицентар 120 километри југозападно од Трес Пикос, Мексико. Трес Пикос се наоѓа на околу илјада километри југоисточно од Мексико Сити.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG