Линкови за пристапност

Постарите апликации на Ајфон нема да функционираат


32-битните апликации што не се ажурирани во 64-битни, веќе почнаа да исчезнуваат од понудата на Епл

Доколку поседувате Ајфон или Ајпад, за неколку години, може да се соочите со застарени апликации. Од 2013-та, програмерите мораат да ги ажурираат, а со најавата дека на пазарот ќе се појави новиот Оперативен систем 11, постарите апликации можеби нема да работат.

Почнувајќи со Ајфон 5-Ес од 2013-та година, паметниот телефон доаѓа со 64-битни процесори, споредено со претходните 32-битни. Во јануари оваа година, корисниците на 32-битните апликации се соочија со предупредувања за ажурирање на апликациите.

Неодамна, некои од нив беа проследени со пораката: „Оваа апликација нема да работи со идните верзии на оперативниот систем“.​

"Сензор тауер" е компанија којaшто анализира и прави извештаи за апликации. Оттаму велат дека околу осум проценти од апликациите на Епл се 32-битни и можеби нема да функционираат со Оперативниот систем 11. Станува збор за 187.000 апликации од вкупно 2,4 милиони.

Апликациите коишто не се ажурирани во нови, веќе почнаа да исчезнуваат. Сепак, постарите верзии на вашиот Ајфон или Ајпад се` уште се употребливи, барем засега. Штом ќе се појави новиот Оперативен систем ќе биде потребно ажурирање и на самите уреди.

Според најавите, Епл новиот Ајфон ќе го претстави на 12-ти септември, кога точно ќе се знае дали и како тоа ќе се одрази на постатиот софтвер.

Како ќе знаете дали некоја апликација е 32-битна?

Одете во „Settings“, потоа „General“, потоа „About“, па „Applications.“

Кликнете на „Applications“.

Ако имате 32-битни апликации кои треба да се ажурираат, ќе се појават на нов екран.

Оние коишто можат да се ажурираат, ќе се прикажат на врвот на листата.

Доколку не сте ги обновиле апликациите, направете го тоа веднаш

Ако апликацијата е на врвот на листата под „Update Available“, кликнете на неа, за да ја отворите во App Store.

Доколку се појави порака „Update“, кликнете на неа.

На крај, во „Settings“ проверете дали ги имате сите промени.

Не го обновувајте Оперативниот систем 11, барем не веднаш

Доколку Оперативниот систем 11 не ги поддржува 32-битните апликации кои ви се потребни, или не сте сигурни дали е тоа случај, не треба да го ажурирате постоечкиот софтвер.

Но, ова не е долгорочно решение бидејќи со сите новитети, новиот систем може да биде корисен за вас. Со тек на време, најверојатно ќе треба да го сторите тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG