Линкови за пристапност

Пекинг ќе ги поддржи ОН во одговорот кон Северна Кореја


„Санкциите и притисокот“ мора да одат заедно со „дијалогот и преговорите“ со Пјонгјанг

Кина вели дека ќе ги поддржи Обединетите нации да преземат понатамошни мерки против Северна Кореја, како одговор на најновиот нуклеарен тест.

„Со оглед на новите настани на Корејскиот Полуостров“, „Советот за безбедност на ОН треба да дополнително да одговори и да преземе потребни мерки за справување со кризата", рече кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, за време на прес-конференцијата во Пекинг​.

Тој воедно истакна дека „санкциите и притисокот“ мора да одат заедно со „дијалогот и преговорите“ со Пјонгјанг. Кина е најголемиот дипломатски и економски сојузник на Северна Кореја, и тврди дека построгите санкции нема да направат многу за да ги олеснат тензиите на Корејскиот Полуостров.

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави: „ќе видиме што ќе се случи“, на прашањето дали ќе одобри воена акција против Северна Кореја, додавајќи дека „тоа не е прв избор“. Трамп, имаше и телефонски разговор со својот кинески колега, Кси Џинпинг.

САД до Советот за безбедност доставија нацрт-резолуција за нови санкции против Северна Кореја, којашто сакаат по брза постапка да ја стават на гласање до следниот понеделник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG