Линкови за пристапност

За Американците нема подобро место за живеење од САД


Нова анкета покажа пораст на поврзаноста на нацијата, и покрај политичките поделби

Политичките поделби длабоко се вкоренети во САД, но повеќето Американци не би избрале да живеат на друго место, според најнова анкета објавена денеска.

Новото испитување на јавното мислење за социјалните трендови, што го спроведоа „Вол стрит џурнал“ (Wall Street Journal) и „НБЦ њуз“ (NBC News), покажа широк спектар на поделби меѓу Американците за прашања поврзани со културата, економијата и иднината на нацијата, но повеќето се согласни за една работа: САД се пристојно место за живеење.

Според анкетата, 28 проценти од испитаниците Америка ја нарекоа единственото најдобро место за живеење во светот, додека други 54 проценти, рекоа дека земјата е меѓу ретките најдобри места за живеење или над просекот. Само 18 отсто од испитаниците мислат дека САД се просечни или подпросечни.

Повеќе од една третина или 35 проценти од испитаниците, одговориле дека се чувствуваат сигурни и дека животот ќе биде подобар за нивните деца отколку што бил за нив; ниво кое не е забележано од 2001-та година, кога 49 отсто рекле дека се чувствуваат сигурно. Последен пат кога беше поставено прашањето, во 2014-та, само 21 отсто рекле дека се чувствуваат сигурни.

Педесет и седум проценти од анкетираните велат дека економијата во нивната област е добра или одлична, додека 30 отсто рекле дека таа е просечна. Само 13 отсто сметаат дека нивната локална економија е сиромашна.

И, додека според анкетата, Американците во голема мера се оптимисти за иднината на земјата, резултатите сепак укажуваат на тоа дека политичките поделби растат и не се ограничени единствено на прашања од областа на политиката.

Поголемото мнозинство од испитаниците мислат дека САД се целосно поделени (21 процент) или главно поделени (59 проценти), додека само 20 проценти ја нарекуваат земјата, главно, или целосно обединета.

Прашањата, како контролата на оружје, покажуваат поделба помеѓу двата краја на идеолошкиот спектар. Според анкетата, 77 отсто од републиканците велат дека се загрижени дека владата ќе оди предалеку во ограничувањето на правата за поседување оружје, додека само 18 проценти се загрижени дека владата нема да направи доволно. Демократите покажаа речиси сосема спротивно мислење.

Шеесет и четири проценти од испитаниците изјавиле дека имиграцијата ја зајакнува земјата, додека само 28 отсто рекле дека ги ослабуваат САД. Резултатите покажуваат силна промена во расположението од 2005-та година, кога истото прашање беше поставено и само 41 отсто се согласиле дека имиграцијата ги зајакнува САД, додека 28 отсто рекле дека тие штетат на развојот на државата.

Комплетна промена има кај демократите по ова прашање. Во 2005-та, само 45 отсто од нив рекле дека имиграцијата ја зајакнува земјата, додека оваа година таа бројка се искачила на 81 процент.

Според анкетата, 55 отсто од испитаниците изјавиле дека се задоволни со општествените промени што ја направиле Америка поистакната земја, наспроти 24 проценти што мислат поинаку.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG