Линкови за пристапност

Заврши аџилакот на муслиманите со „каменување на ѓаволот“


На крајот на годишниот аџилак, илјадници муслимани симболично го каменуваат ѓаволот.

Аџиите фрлаат камења на ѕидовите на Џамарат во Мина, едно од главните собирни места.

За време на аџилакот, муслиманите изведуваат неколку верски ритуали, меѓу кои и кружењето околу Каба седум пати, во насока на стрелките на часовникот. Градбата е во форма на коцка поставен во центарот на Големата џамија во Мека, местото каде муслиманите веруваат дека пророкот Абрахам го изградил првиот храм за Господ.

Аџилакот е еден од петте столбови на Исламот, и сите муслимани кои се чувствуваат здрави, се очекува да учествуваат во него, барем еднаш во животот.

Саудиска Арабија соопшти дека за петдневниот настан, годинава се собрале преку 2,3 милиони муслимани од цел свет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG