Линкови за пристапност

Бела куќа: Сакаме да изградиме подобри односи со Русија


САД во четвртокот побараа, најдоцна до викендов, Русија да затвори три дипломатски претставништва

Преземавме цврста и одмерена акција, во одговор на руската одлука на почетокот на оваа година, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби, по вчерашната наредба на САД, Русија да затвори три дипломатски претставништва, најдоцна овој викенд.

„Сакаме да го задржиме надолниот тренд, и да продолжиме напред кон изградба на подобри односи“, изјави таа.

САД наложија Русија да го затвори конзулатот во Сан Франциско и уште две други канцеларии, заклучно со овој викенд, објави денеска Стејт департментот

Овој потег е одговор на барањето од Москва до Вашингтон за намалување на дипломатскиот персонал во Русија.

„Во духот на реципроцитетот на кој се повикуваат Русите, ние бараме од руската влада да го затвори Генералниот конзулат во Сан Франциско, како и канцелариите во Вашингтон и во Њујорк“, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Ноерт, додавајќи дека крајниот рок за затворање е 2-ри септември.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изрази жалење за потегот, кусо време по соопштението од Стејт департментот

Ова е најновото поглавје во дипломатскиот спор, во голема мера предизвикано од новите американски санкции кон Русија, што беа воведени минатиот месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG