Линкови за пристапност

Целосно затемнување на Сонцето во САД - прво по 99 години


Денешното затемнување на Сонцето започна во западната сојузна држава Орегон, на Пацификот, и ќе продолжи се` до Јужна Каролина, на Атлантикот. Милиони ширум САД го гледаат или се подготвуваат да го проследат овој редок феномен, којшто се случува од еден до друг брег, за прв пат по 99 години.

Штом Mесечината го покрила сонцето во Орегон, било забележано значително намалување на температурата.

Се` е подготвено за прилив на илјадници луѓе со телескопи, камери и фотоапарати, како и заштитни очила, за да го проследат, според НАСА, најгледаното и најдокументираното затемнување во историјата.

Затемнувањето на Сонцето се очекува да трае најдолго во близина на Карбондејл, Илиноис - 2 минути и 44 секунди.

Првиот град – сведок на целосното затемнување, беше Линколн Бич, Орегон, а Чарлстон, Јужна Каролина ќе биде последниот.

Целосно затемнување на Сонцето се случува кога Месечината минува помеѓу земјината топка и Сонцето, целосно попречувајќи ја неговата светлина, освен за надворешната атмосфера.

Гледајќи од Земјата, Месечината ќе изгледа дека е со иста големина како Сонцето. Ова е можно, затоа што додека Месечината е 400 пати помала од него во дијаметар, таа воедно е 400 пати поблиску до Земјата споредено со Сонцето. Кога ќе настане спојувањето, небото е темно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG