Линкови за пристапност

Нагасаки ја одбележа 72-та годишнина од атомскиот напад


Зголемената закана од нуклеарен конфликт меѓу САД и Северна Кореја, фрли сенка на одбележувањето на 72-та годишнина од американскиот атомски напад во Нагасаки, Јапонија, кон крајот на Втората светска војна.

„Низ целиот свет се шири силно чувство на анксиозност, бидејќи во не толку далечна иднина, ова оружје може повторно да се употреби“, изјави градоначалникот на Нагасаки Томихиса Тау, пред насобраните во Паркот за мир.

Тау воедно го критикуваше јапонскиот премиер Шинзо Абе, поради одбивањето да преговара околу Договорот на ОН за забрана на нуклеарно оружје.

Градоначалникот на Нагасаки и други владини претставници, со едноминутно молчење им оддадоа почит на околу 70-те илјади жртви во нападот.

Три дена претходно, исто така во 1945-та, во ист напад во Хирошима, загинаа 140.000 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG