Линкови за пристапност

Жртви и повредени во земјотрес во Грција


Земјотрес со јачина од 6,7 степени го потресе грчкиот остров Кос во раните утрински часови, при што загинаа најмалку две лица, а беа повредени повеќе од 100 други.

Спасувачките екипи работат на пребарување по други можни заробени лица.

Институтот за земјотресно инжинерство на САД вели дека епицентарот на земјотресот бил во близина на големите туристички дестинации помеѓу Турција и Грција во Егејското Море.

Надлежните власти во Турција предупредија за можни последователни потреси.

Нема информации за поголеми штети во Турција.

Турција и Грција се наоѓаат на земјиште подложно на земјотреси.

XS
SM
MD
LG