Линкови за пристапност

Пожар близу Националниот парк Јосемити


Илјадници американски пожарникари се борат со шумски пожар што принуди речиси 5,000 луѓе да ги напуштат домовите, во близина на националниот парк Јосемити во централна Калифорнија.

Огнената стихија зафати 100 квадратни милји, а до овој момент под контрола се ставени само 10 проценти.

Државните служби велат дека пожарот уништил 99 објекти, вклучувајќи и десетици домови.

Властите велат дека огнот им се заканува на други 1,500 домови.

XS
SM
MD
LG