Линкови за пристапност

Шесте месеци на Трамп преку броеви


Ова беа хаотични шест месеци во Белата куќа откако магнатот за недвижнини стана републикански политичар, и даде заклетва како 45-ти претседател на САД. Рејтингот на Доналд Трамп е релативно низок, околу 40-от процент, но неговите поддржувачи цврсто стојат до него.

Во изминативе 182 дена Трамп влезе во отворени дуели со политичките ривали и медиумите, со кои често се справуваше преку Твитер: испратил 991 вакви пораки.

Трамп постигна голема победа со одобрувањето од Сенатот за конзервативниот судија Нил Горсач, за Врховниот суд на САД. Но, законодавната агенда на Трамп допрва доаѓа. Кампањското ветување за укинување и замена на законот за здравствена заштита во државата донесен за време на мандатот на поранешниот претседател Барак Обама, е во неизвесност, по застојот во Конгресот.

Еве уште неколку цифри од претседателствувањето на Доналд Трамп:

Потпишал 42 закони, кои не се клучна од законодавството.

Имал три патувања во странство во осум држави: Саудиска Арабија, Израел, Белгија, Италија, Ватикан, Полска, Германија и Франција.

Билатерални состаноци со странски лидери: 54. Телефонски разговори со други шефови на држави – 102.

Имал меѓу 33 и 44 посети на неговите голф-клубови во Флорида, Њу Џерси и Вирџинија, зависно од тоа кој медиум како сметал, вклучувајќи и 21 викенд откако е во Белата куќа од вкупно 26, што ги поминал на имот под неговото име.

Имал 13 прес конференции, обично со странски лидер, и само еднаш сам.

Дал 48 интервјуа за медиуми, меѓу кои најмногу за телевизијата Фокс – 13.

Отпуштил тројца: Вршителката на должност Генерален правобранител Сали Јејтс, Советникот за национална безбедност Мајкл Флин и директорот на федерално истражно биро Џејмс Коми.

Ги повлекол САД од два меѓународни договори: Транс-пацифичкото партнерство и договорот за климатски промени од Париз 2015 година.

Број на денови кои му остануваат во четиригодишниот мандат на Трамп: 1,279.

Тој веќе објави дека ќе се кандидира за реизбор во 2020 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG