Линкови за пристапност

САД: Иран го почитува договорот за нуклеарна програма


Претседателот Трамп го нарече најлош досега

САД соопшти дека уште еднаш, Иран ја почитува нуклеарната спогодба од 2015-та, договор што претседателот Доналд Трамп го нарече „најлош договор досега“.

Според американските закони, Стејт департментот мора да го извести Конгресот на секои 90 дена за почитувањето на Иран на договорот од 2015-та.

Иранскиот архитект на договорот, министерот за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, се сретна со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес на двегодишнината од историскиот договор во Њујорк.

Генералниот секретар неодамна изрази уверување дека договорот е најдобриот начин да се обезбеди мир во врска со иранската нуклеарна програма.

Официјалните претставници на Белата куќа нагласија дека ставот на администрацијата за нуклеарната спогодба се уште се` формира.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG