Разрешувањето на државниот Јавен обвинител, Марко Зврлевски, стигна на дневен ред на шестата седница на Собранието.
Сепак гласањето е малку веројатно дека ќе биде денеска бидејќи над 80 пратеници се пријавија за збор во расправата по оваа точка.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ формираа дури десет пратенички групи и со постојани дискусии на шефовите на овие пратенички групи и барања паузи само го пролонгираа разрешувањето на Зврлевски за неколку дена.
Претходно, пратениците од опозицијата побараа законски измени според кои опозицијата би го предложиле новиот Јавен обвинител, а Собранието да го гласа со двотретинско, а не со просто мнозинство, како што е сега. Барањето беше отфрлено.
Владата поднесе предлог за разрешување на Зврлевски поради несовесно работење и непостапување. Предлогот беше прифатен од Советот на јавни обвинители и потоа доставен во Собранието.
Facebook Forum