Линкови за пристапност

Амандманите на Америка


Амандманите на Америка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Амандманите на Америка

Секоја година, Националниот архив на САД организира настани за одбележување на Денот на независноста, 4-ти јули. Овојпат ќе биде со специјална изложба „Амандманите на Америка“. Николета Илиќ разговараше со кустосот на изложбата.

Уставот на САД е базиран врз основен концепт: Признавање на човековите права, кои не потекнуваат од државата, туку директно од креаторот на светот, а потоа граѓаните се тие кои и` даваат права на владата.

Основачите на Америка верувале дека владата, составена од несовршени луѓе, кои применуваат сила врз други несовршени луѓе, треба да има ограничена моќ. Уставот и` ги делегира на владата само оние права кои луѓето сакаат да ги имаат.

„Низ годините, Уставот на САД напишан на осум страници, бил изложен на многу предлози за негова промена. Постојат околу 11.000 предлози во Конгресот за уставни промени. Амандманот се смета за предложен кога член на Конгресот, го претставува или во Сенатот, или во Претставничкиот дом“, вели кустосот во Националниот архив Кристин Блекерби.

Обидите за промена на Уставот почнале уште од моментот на негово стапување во сила, во 1789-та година. Повелбата за правата на граѓаните, со десет конкретни забрани за примена на моќ од страна на владата, била усвоена во 1791-та година.

„Имаше три главни причини или големи идеи, кои резултираа со уставни промени. Повеќето, односно 17 од 27 амандамни, доведоа до зголемени права, како право на гласање, слобода на говор и верски слободи“, додава Блекерби.

Блекерби вели дека особено важна промена е регулирање на моќта на владата. Како што вели тој, издејствувавме претседателот да може да биде на власт два мандата.

Постоеле и други предлози, како избор на претседателот на лотарија, или укинување на Изборниот колеџ, како и регулирање на бракот и употребата на алкохол. Најголемиот број предлози се однесуваат на Амандманот за еднакви права, усвоен од Конгресот, но, не и од сите сојузни држави.

Ниту еден од 1.100 амандамни предложени подоцна, не биле усвоени, вели Блекерби.

Историјата покажала дека е тешко да се направат уставни измени, што според Блекерби, е добра работа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG