Линкови за пристапност

Зголемено нивото на безбедност за 4-ти јули


Според полициски извори, не постои опасност од каква било закана за празникот

Додека градовите ширум САД се подготвуваат да ја одбележат годишнината од независноста на нацијата, локалните власти за спроведување на законот и федералните власти работат заедно на безбедноста на прославите.

Повеќе од три милиони луѓе се очекува да го гледаат најголемото шоу на огномет во вторникот во Њујорк. Иако полицискиот оддел во Њујорк досега нема информации за каков било напад за време на прославите, градоначалникот Бил де Бласио рече дека ќе бидат распоредени полицајци за контратероризам како и други „добро вооружени полицајци“.

Вашингтон, главниот град на САД исто така, очекува стотици илјади луѓе да присуствуваат за време на празникот, и да уживаат во настаните како што се огнометот и концертот во Капитол Диси. Шефот на полицијата, Питер Њихам, минатата недела изјави дека нема потенцијални закани, но полицијата ќе има „целосно распоредување“.

Локалната полиција, координирајќи се со ФБИ, ќе користи беспилотно летало за следење на толпата и активностите за време на огнометот во Бостон кое инаку е спектакуларно шоу кое се приредува на реката Чарлс. Настанот се очекува да привлече дури 500.000 гледачи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG