Линкови за пристапност

Самоубиствен напад во Дамаск, 18 загинати


Сириските безбедносни сили соопштија дека од тројца бомбаши со автомобили, уништиле двајца на влезот во Дамаск пред да можат да направат штета.

Напаѓач во самоубиствен напад со автомобил-бомба се разнесе во неделата во централниот дел на главниот град на Сирија, при што загинаа најмалку 18 лица и беа повредени уште десетина други лица, јавија државните медиуми во Сирија.

Сириските државни медиуми како и сириската опсерваторија за човекови права, изјавија дека една од вкупно три бомби-атомобили се разнеле.

Никој не понесе одговорност. Дамаск во минатото беше погоден од групата Исламска држава и други џихадистички борци.

Сириските безбедносни сили соопштија дека од тројца бомбаши со автомобили, уништиле двајца на влезот во Дамаск пред да можат да направат штета. На снимките од државната телевизија се гледаат најмалку две изгорени возила како и други остатоци по патот кон аеродромот.

Третиот возач ги избегнал безбедносните сили и се разнесел на плоштадот Тахрир откако бил опкружен.

Сирискиот министер за локална администрација, Хусеин Махлуф, рече дека одговорот означил „голем успех во спречувањето заговор“, што може да доведе до масовни жртви.

Бомбашот со автомобилот се случи во главниот град на Сирија, кога многумина тргнале на првиот работен ден по завршувањето на светиот месец Рамазан.

Дамаск, седиштето на претседателот Башар ал Асад, ретко гледа такви напади. Бомбардирањето во неделата беше најлошото што се случило уште од март.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG