Линкови за пристапност

Повторно силен земјотрес во Охрид


Земјотреси во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

По вчерашниот силен земјотрес од 4, 1 степени, нов силен земјотрес од 5,1 степени денес се почувствува во Охрид.

Јачината на охридскиот земјотрес беше почувствувана во Скопје со 3,7 степени. Повеќе од 800-тини пати за само десет дена се стресе земјата под Охрид. Некои од земјотресите имаа послаб, а некои посилен интензитет. Најсилниот беше со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, а граѓаните од паника и страв ги напуштија своите домови. Имаше и помали оштетувања кај постарите објекти. Охриѓани раскажуваат дека не паметат толку многу земјотреси за така краток период.

„Нормално е дека чувството е малку непријатно.Треба да бидеш прибран, не треба да трчаш по скали, несмееш лифт да користиш“, вели еден жител на Охрид.

„Десет дена по ред непрекинато тресе и човек не може да остане рамнодушен. Ако беше појак земјотресот ќе слезевме долу и пак се врајќавме назад. Десет дена или две недели колку што трае ова, до сега не паметам“, изјави друг жител на Охрид.

„Се криевме под вратата кога беше силниот земјотрес, а потоа се навикнавме“, рече друг жител на градот.

„Кој не би се исплашил. Станав и не можев да заспијам два до три часа. Само во лустерот гледав дали ќе стресе пак“, изјави жител.

Експертите предупредуваат дека е неопходна претпазливост и во периодот што следи. Дополнителен проблем е што Охрид лежи на подземни води.

„Никогаш неможеме да кажеме дека ова е најсилен земјотрес и дека после него ќе дојде смирување.Треба да бидеме претпазливи, затоа што основна цел на градежните инжињери е да градат поотпорни конструкции и тука е нашата улога да го смалиме ефектот на земјотресот кој некогаш бил разурнувачки со четири до пет степени магнитуда“, вели Миодраг Манич, Универзитетски професор по земјотресно инжинерство.

Црвениот крст пак објави брошура која е достапна на интернет, а во која се објаснети правила и препораки за однесување за време на земјотрес, после земјотрес, но и мерки за претпазливост и подготовка.

„Не е тешко секој во својот дом да има едно сандаче за прва помош и да има конзервирани прехранбени производи за најмалку два дена. Со оваа брошура не е целта да се подигне вознемиреноста туку да се потикне смиреноста. Во такви ситуации најважно е да се биде присебен и да се реагира без паника“, рече Сашо Точков, од Црвен крст Охрид.

Најсилниот земјотрес во регионот на Охрид историски гледано се случил во далечната 1572 година и бил со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG