Линкови за пристапност

САД ја укинаа забраната за лаптоп во авиони на Етихад


Забраната се` уште важи за директни летови кон САД од аеродроми во Јордан, Кувајт, Египет, Турција, Саудиска Арабија, Мароко, Катар и Дубаи

САД во неделата ја укинаa забраната за носење лаптоп компјутери во кабината на летовите од Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, откако водечкиот авиопревозник на земјата, Етихад, спроведе построги безбедносни мерки.

Забраната стапи на сила во март за директни летови од 10 аеродроми на Блискиот Исток, бидејќи официјалните претставници на САД беа загрижени за потенцијалот на терористите да ги кријат бомбите во компјутерите.

Етихад, кој лета 45 пати во неделата помеѓу Абу Даби и САД, го поздрави овој потег.

Портпаролот на Одделот за домашна безбедност на САД ја пофали авиокомпанијата за поставување на нови процедури, кои не беа откриени, и рече дека ова е „моделот за странските и домашните авиокомпании од кои се бара да ги усвојат новите мерки“.

Забраната се` уште важи за директни летови кон САД од аеродроми во Јордан, Кувајт, Египет, Турција, Саудиска Арабија, Мароко, Катар и Дубаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG