Линкови за пристапност

Нема нов предлог за името


Нимиц не донесе нов предлог за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Нимиц не донесе нов предлог за името

Потребно е време за надминување на разликите околу прашањето на името, но ова е време за вистинска можност за носење дефинитивни и контретни предлози.

„Охрабрувачки“ - така Метју Нимиц ги нарече состаноците со македонскиот државен врв. Посредникот за името заминува со впечаток дека сега во Скопје, кое го немаше посетено 3 години, има сериозен интерес и подготвеност за вклучување во процесот. Не донесе нов предлог за името, но порача дека за решавање на проблемот треба општ напредок, што според него, значи дека двете страни мора сериозно да размислат за своите позиции и внимателно да слушаат што вели другата страна.

„Охрабрен сум што премиерот и министерот за надворешни имаат отворени гледишта и отворено размислуваат за ова прашање. Имаме нова ситуација и да видиме како таа ќе се развива. Не зборувавме за конкретни нови концепти за името, не дојдов со нов предлог. Владата не изложи специфично различно гледишта. Зборувавме за процесот, за интензивирање на односите меѓу двата соседа и за генералната позиција на овдешната влада да се биде отворен кон соседите и решавање на проблемите во регионот“, рече претставникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц.

Кои се неговите наредни чекори, дали ќе ги интензивира преговорите?

На ова прашање долгогодишниот медијатор излезе со внимателна проценка.

„Не треба да очекуваме драматични активности или промени во наредните неколку месеци, не мислам дека сега е вистинско време за носење дефинитивни, конкретни предлози. Ни треба период во кој двете страни меѓусебно ќе разговараат, ќе водат интелигентни дискусии. Овде има нова влада, имаме нов контекст во регионот, така што мислам дека работите ќе се движат, но не гледам драматични настани во наредните неколку месеци“, додаде тој.

Нимиц, по Скопје нема да оди за Атина. Зафатеноста на шефот на грчката дипломатија ја помести посетата на посредникот на Грција. Нимиц се враќа во Њујорк и ќе чека тајминг за наскоро да се сретне со грчкиот државен врв.

XS
SM
MD
LG