Линкови за пристапност

НАСА со концепт на ровер за Марс


Според плановите, треба да се лансира на Црвената планета во 2020-та година

НАСА го претстави концептот на Марс-ровер кој се очекува да биде лансиран на Црвената планета во 2020 година.

Блескавиот ровер Марс 2020, за кој се вели дека наликува на возило од серијата филмови „Бетмен“, беше претставен во вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, како дел од настанот „Лето на Марс“.

Роверот работи на електричен мотор, а енергијата ја добива од соларни панели што работат на батерија од 700 волти.

Возилото може да се подели во средината, а предниот дел би бил фокусиран на извидништво и навигација. Задниот дел е лабораторија којашто може да се спроведе широк спектар на истражувања, вклучувајќи и дупчење, во обид да се дојде до докази дека на Марс некогаш имало услови за живот, како и да се утврди дали има вода и кислород кои еден ден би можеле да се употребуваат од човечки астронаути. Целта е на Земјата да се донесат основни примероци.

Иако овој ровер всушност нема физички да оди на Марс, НАСА вели дека некои од компонентите може да бидат дел од роверот што всушност ќе се испрати на површината на планетата.

Откако ќе биде изложен во Флорида, меѓу јули и август, концептот на овој ровер ќе биде носен на неколку локации ширум САД.

Настанот „Лето на Марс“ има цел да даде преглед на студиите на НАСА за Црвената планета.

Од Агенцијата за вселенски истражувања велат дека „се надеваат оти ова ќе ги поттикне младите луѓе да дознаат повеќе за тоа како е да се биде дел од напорите да одиме на Марс“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG