Севернокорејската државна новинска агенција соопшти дека најновото тестирање на балистички проектил било успешно и вклучило нов систем за прецизни насоки.
Јужна Кореја цитираше армиски извори, кои рекле дека проектилот паднал на околу 450 километри од источниот брег на Северна Кореја во Јапонското Море.
Тестот, трет последниве неколку недели, се случи само неколку дена откако светските лидери на Самитот на Г-7, побараа Пјонгјанг да се откаже од своите нуклеарни амбиции.
Во меѓувреме, претседателот Доналд Трамп преку Твитер кажа дека, „Северна Кореја покажала големо непочитување кон својот сосед, Кина, со тоа што испукала уште еден балистички проектил“.
Кина на неколкупати изјави дека го смета дијалогот, како начин за решавање на ќорсокакот околу севернокорејската нуклеарна програма.
Facebook Forum