Линкови за пристапност

Не се потпирајте на електронските уреди за мерење калории


Некои од уредите потфрлаат и до 93 проценти

Веројатно не е добра идеја да одлучите што да јадете врз основа на тоа колку калории ќе ви покаже фитнес електронскиот уред. Ова го вели нова студија направена од истражувачите на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Тестирани биле 60 лица и неколку популарни фитнес уреди. Тие се добри за мерење на отчукувањата на срцето и броењето чекори, но се лоши за мерење на потрошената енергија, вели студијата.

Волонтерите, меѓу кои 29 мажи и 31 жена, биле ангажирани во различни физички активности, вклучувајќи одење или трчање на лента или возење статичен велосипед. Срцевото отчукување било мерено со користење на медицински електрокардиограф. Потрошувачката на енергија била мерена преку нивото на кислород и јаглероден диоксид во здивот на волонтерите.

Биле тестирани шест од седум уреди, меѓу кои: "Епл воч", "Бејсик пик", "Фитбит сурџ", "Мајкрософт бенд", "Мио Алфа 2", "Пулс он" и "Самсунг геар С2", кои се покажале како добри во мерењето на отчукувањата на срцето, доаѓајќи до пет проценти точност на електрокардиографот.

Сепак, кога станува збор за мерење на согорените калории, овие уреди не се покажале како прецизни. Разликата била 27 проценти. Еден од нив покажал разлика од дури 93 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG